Утрински Весник
Балкан

Чолиќ: Семејството е добро, се чека полициски извештај

Zdravko colic.jpg

Здравко Чолиќ и неговото семејство се во добра здравствена состојба. Тие чекаат полициски извештај по бомбата која што беше фрлена врз нивната куќа. Чолиќ нагласи дека во моментов е надвор од Србија

-Јас сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите на медиумите беа протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај, изјави Чолиќ за телевизијата „Уна“.

Експлозивна направа беше фрлена рано утрово врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград. Се претпоставува дека станува збор за бомба „кашикара“, што била фрлена во дворот на семејната куќа на Чолиќ на Дедиње.

Мотивот за нападот, во кој е предизвикана материјална штета, засега е непознат.

Можете да прочитате

Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија

ЕК следната недела ќе презентира предлог за преодно решение за превозниците во Западен Балкан

Бегај: Меѓуверската хармонија мора да се пренесе на новите генерации