Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Членовите на Комисијата за помилување поднесоа оставка

Image 6.png
Img 7972

Членовите на Комисијата за помилување, поднесуваат оставки од функциите, објави пред малку членот на Комисијта професор Гордан Калајџиев.

„Почитувани,

Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи. Со почит,

Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ,

Др. Зора Митиќ,

М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска

Ајтен Шаќири

26.10.2024 година“ стои во објавата на професорот на социјалните мрежи.

Ваквиот потег на членовите на Комисијата доаѓа откако за 23 октомври, на списокот на помилувани лица од страна на претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова се најдоа контроверзни личности, меѓу кои и водиачи на познати скопски нарко картели.

Можете да прочитате

Велосипедист удрен од автомобил во Карпош

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ

ОЈО нареди обдукција на телото на Панчо