Утрински Весник
Македонија

Членови на раководството на ДУИ и активисти се пред Уставен суд

20241211093939 Big 730x400 50.webp.webp

Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собираат членови и активности на Демократската унија за интеграција.

Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми.


Најавено е присуство и на лидерот на партијата Али Ахмети и на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Активисти на опозициската ДУИ од неделата се пред Уставниот суд со деноноќно присуство во, како што велат, одбрана на Законот за јазиците.

Според ДУИ, укинувањето на Законот ќе значи „уривање на еден од клучните столбови на Охридскиот договор, а владејачката коалиција без легитимитет наместо да се работи за заедничка иднина, разденува и напаѓа“.

Околу судот има засилено полициско обезбедување.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат