Утрински Весник
Свет

Член на руската делегација: Киев сè уште не е подготвен за преговори со Москва

Член на руската делегација: Киев сè уште не е подготвен за преговори со Москва

Претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на руската државна Дума и член на руската делегација во преговорите со Украина, Леонид Слуцки, денеска изјави дека Киев сè уште не е подготвен за преговори со Москва, во кои се вклучени и оние под посредство на ОН.

dobivaj vesti na viber

„Украина сè уште не е подготвена да води мировни преговори, сите изјави на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба се димна завеса“, рече Слуцки коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за неговата подготвеност да посредува на мировниот самит, што претходно беше предложено од Кулеба, објави агенцијата ТАС С.

Слуцки истакна дека украинската страна се повлече од мировниот процес во Истанбул и наместо тоа, го избра патот на ескалација.

„Не избегнавме мировни преговори, не направивме провокација“, рече тој.

Слуцки нагласи дека потегот сè уште е на Киев и дека целите на специјалната воена операција остануваат исти, а тоа се денацификација и демилитаризација на Украина.

Претходно денеска, за „РИА новости“ во кабинетот на Гутереш беше кажано дека генералниот секретар на ОН е подготвен да посредува кога станува збор за одржување самит за Украина, само со согласност на сите страни, вклучително и Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, вчера изјави дека неговата земја сака да учествува на самитот за крајот на војната, но дека не очекува Русија да учествува на тој состанок.

Кулеба изјави за АП дека неговата влада сака да се одржи мировен самит во следните два месеци, чиј посредник ќе биде генералниот секретар на ОН, Гутереш, пренесе „Телеграф.рс“.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња