Утрински Весник
Свет

Член на екипа на Ројтерс загина во напад врз хотел во Краматорск, уште двајца негови колеги ранети

20240826075542 Big 730x400 82 E1724652430821.webp.webp

Рајан Еванс, член на екипа агенцијата Ројтерс, која известуваше за војната во Украина, загина, а двајца негови колеги-новинари се повредени во напад врз хотел во источниот украински град Краматорск, соопшти агенцијата.

Еванс (38), кој работел како советник за безбедност во агенцијата, бил убиен во саботата кога проектил го погодил хотелот Сафир, каде што престојувала шестчлената екипа на Ројтерс, соопшти агенцијата.

Двајцата повредени новинари се пренесени во болница, а еден од нив е тешко повреден.

Еванс, поранешен британски војник, за Ројтерс работел од 2022 година како советник за безбедност. Останатите тројца членови на тимот на Ројтерс, кои биле во хотелот во моментот на нападот, се безбедни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека хотелот бил погоден од руска ракета „Искандер“, која има дострел од 500 километри, и дека нападот бил однапред смислен.

Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето на Ројтерс за коментар, а агенцијата наведува дека не може самостојно да потврди дали се работи за намерен напад на зградата.

Регионалното обвинителство на регионот Доњецк претходно соопшти дека во урнатините на хотелска зграда во Краматорск е пронајдено тело на британски државјанин.

Можете да прочитате

Норвешката принцеза се омажи за американскиот шаман

Инвазивни пчели се појавиле на Малта, научниците се плашат дека може да се прошират во Европа

Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк