Утрински Весник
Спорт

„Чкембари“ бараат оставка од Ангеловски, а РК Вардар го нарекоа аматерски клуб

Images 3 1.jpg

По лошиот почеток на новата ракомета сезона на македонскиот машки ракометен шампион, навивачката група „Чкембари“ побара и заминување на тренерот Ангеловски, а воедно го пецна и својот вечен ривал РК Вардар.

Во својата реакција во која го нарекуваат и Вардар аматерски клуб со аматерски тренер, тие бараат оставка од Ангеловски.

„Ако после две изгубени финалиња (Куп,Супер Куп) и двата последни изгубни дерби дуели со најлутиот ривал, кој е со помал буџет но и со тренер аматер и играчи берени од аматерски клубој низ европа не е трагично, тогаш шо теба да дојди за да биди трагично ? Уште еден кикс и пропадната сезона ? На пријателска утакмица реми со ривалот е трагедија, а не пораз! Да не навлегваме јавно односот играчи/тренер, сите сме свесни зошто се играчите надвор од форма зошто играт вака, исто сите знајме дека имат многу поголеми квалитети и срамота е со овај ростер и со овај буџет да ги изгубиме 2те финалиња и 2та дерби натпревари, не можи играчи кој имат искуство во лига шампиони и ехф лига да бидат под ниво на секоја битна утакмица и да не можиш да извајш од нив ни 50%. Да дајш ваква изјава треба да немаш осет и да не го чуствуваш клубот како твој, ако тебе ти значи нешто Пелистер тогаш ке имаше доблест и уште после дербито сам ке си заминеше од клубот, а не да даваш вакви бесмислени изјави како не било трагично ! Абе ОБРАЗ ИМАТЕ ? ДОСТОИНСТВО ? Ова е ПЕЛИСТЕР не е мулти есенс па да не биди трагично, секој изгубен бод секој пораз на нашиот Пелистер е поќе од трагедија за нас!“, стои во реакцијата.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига