Утрински Весник
Македонија

Чистачка во Конзулатот на Бугарија во Битола интервјуирала кандидати за бугарско државјанство !?

Picture 391 660x419 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хигиеничарка во Конзулатот на Бугарија во Битола вршела интервјуа со кандидати за добивање бугарско државјанство,  откри пратеникот од бугарската партија Преродба, Ангел Георгиев. Како што пренесуваат денеска медиумите во Бугарија, на оваа негова забелешка и пратеничко прашање, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Марија Габриел потврдила дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба. Според Габриел, од увидот направен во конзулатот, не биле утрдени директни докази дека чистачката ги интервјуирала кандидатите за бугарско државјанство, но потврди дека имало „застрашувачки прекршувања“ кои се недозволиви во дипломатските служби. Пратеникот Георгиев тврди дека хигиеничарката Весна Котевска, вработена во бугарскиот конзулат вршела интервјуа со кандидати и како резултат на тоа имало многу одбивања. Бугарското национално радио јави дека извештајот од контролата во Кознултатот во Битола е испратен до Иснпекторатот на Министерството за правда и оти се очекуваат санкции за одговорните.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен