Обезглавено тело на дете е пронајдено на плажа во регионот Тарагона, Шпанија.
Полицијата сè уште го истражува случајот, а според неофицијални информации се работи за тригодишно дете.
Посмртните останки ги пронашол чистачот на плажите во одморалиштето „Коста Дорада“ во „Рода де Бар“, кој веднаш ги известил властите.
Медиумите јавуваат дека недостигаат и други делови од телото, а се проценува дека телото кога било исфрлено на брегот, веќе било во напредна фаза на распаѓање.
Полицијата го затворила подрачјето, а на туристите и мештаните им наредила да одат на други делови од плажата.
Чистачот првин помислил дека се работи за кукла.
Градоначалничката изјави дека можеби се работи за дете што било на еден од чамците со мигранти, што се превртеле во Средоземното Море.
Инспекторите сега се обидуваат да го утврдат идентитетот на детето, како и причината за неговата смрт, што е многу комплицирана задача, особено ако се потврди дека дошло од морето, каде што силните морски струи може да ги движат телата од едно на друго место за неколку часа.