Утрински Весник
Македонија

Чин на оставка – едноставно е

Ivan Anastasovski.jpg

Пишува: Проф д-р Иван Анастасовски

Жално е што последниот спортски настан кој се одржа во Македонија и тоа во главниот град Скопје, како и градот Куманово и хрватскиот град Осијек, наместо да биде голем не само спортски туку и културен, туристички и економски спектакл во кој активно учествуваа над 4000 млади спортисти од цела Европа се претвори во огранизациско фијаско со политизирање на целиот настан од страна на политичките партии. Ако сакаме да бидеме реални и при тоа да не го политизираме настанот, одговорноста овде е јасно лоцирана и точно се знае кој е организаторот на ЕМОФ 2025 а тое е Македонскиот Олимписки Комитет. И кога веќе зборуваме на тема политизирање на настанот и јасно избегнување на одговорност на сите кои имаат допирни точки и надлежности (оти тоа е силен синдром не само во Македонија туку и на Балканот) над овој настан останува јас да понудам една ретростектива на оставките во Македонија за цел овој период без оглед дали се политички или спортски.


Па така во македонската политичко-спортска историја од 1991 годиан до денес имало релативно малку случаи на официјални оставки на високи политички или спортски функционери и раководители, особено поради морални причини а за корупциски скандали не сакам ниту да споменам. Познати примери на официјални оставки во Македонија беа онаа на Антони Пешев како министер за транспорт во ноември 1993 кога поднесе оставка по две авионски несреќи покрај Охрид и Скопје, што ја отвори традицијата на морални оставки, потоа Љубомир Фрчковски како министер за внатрешни работи кој во октомври 1995 само понуди оставка по обид за атентат врз претседателот Глигоров но за жал не му беше прифатена како дел од политичките игри, потоа Ѓунер Исмаил како портпарол на Владата во 1996 година поднесе оставка поради протест против политичка интервенција во уредувачката политика на МРТВ, Хари Костов како тогашен премиер на Владата во ноември 2004 поднесе оставка по само само пет месеци поради внатрешни конфликти и корупциски притисоци со тогашната партија ДУИ, ретко познат податок е дека јас во 2007 година поднесов оставка поради несогласувања со тогашниот премиер Грувевски и неговиот коалиционен партнер Мандух Тачи од ДПА, Зоран Заев во јануари 2020 година поднесе оставка како лидер на СДСМ и пратеник за почеток на техничка влада и нови избори, Венко Филипче како министер за здравство во септември 2021 поднесе оставка по трагедијата во ковид центар во Тетово каде загинаа 14 пациенти или како чин на морална реакција. Вкупна проценка формални и потврдени официјални оставки (меѓу кои и премиерски и министерски): околу 8 до 10 случаеви, ако се вклучат и оставките или неприфатените понуди на пониски функционери или партиски лидери бројот може да достигне до 12 што е нацвитина скромно за период на скоро 35 години.

Кога сме на тема спорт и спортски организации овде ситуацијата е многу пострашна од онаа во политиката, впрочем погледнете го прегледот на значајните оставки и замени на позиции во спортските федерации, раководни тела и селекторски места во Македонија, од својата независност до денес, и тоа: Илчо Ѓорѓиоски во 2018 поднесе оставка од функција претседател на ФФМ под политички притисок од страна на СДСМ, исто така неговиот наследник Муамед Сејдини во 2024 година пак под притирок на ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка од иста позиција. Во август 2018 година Александар Поповски како член на Управниот одбор на Пливачка федерација на Македонија поднесе оставка поради „морална обврска“ поврзана со настанот Поп Ацев, и еден од последните случаеви е селекторот Звонко Шундовски кој ја водеше македонската машка репрезентација до 2013 година кој по разочарувачки настап на Светското првенство во Шпанија, поднесе неотповиклива оставка, преземајќи лична одговорност за резултатот. 

Денес, два дена по затворањето на ЕМОФ 2025 се уште чекаме некој да ја превземе одговорноста за лошата органзиација и за лошиот спортски резултати каде од 49 земји 40 освоиле медали а останати 9 се без медали меѓу кои и нашата држава како земја домаќин што е уште еден загрижувачки податок за иднината на нашиот спорт. Македониај се покажа како лош домаќин и тоа не е срам само за организаторот тоа е срам за секој еден македонец.

Но ајде да се обидам да резиумирам на следниот начин практично и прагматично впорчем поднесувањето оставка е официјален чин со кој именувано или изберено лице ја завршува својата работна обврска кон работодавачот (електоратот), па затоа да им помогнеме во еден пример како да изгледа едно формално писмо за оставка на македонски јазик и тоа во кратки црти:

Почитувани,
Со ова писмено известување, сакам да Ве информирам дека поднесувам оставка од мојатб работна позиција/функција (вашата позиција).
Оваа одлука не беше лесна, но поради морални причини ја превземам целокупната одговорност од аспект на орагнизациски и спортски резултати на одржаниот младиски олимписки фестивал 2025 година Скопје. Ви благодарам за поддршката, стекнатото искуство и соработката во изминатиот период.
Подготвен/а сум да помогнам во процесот на транзиција и да обезбедам што е можно посоодветно примопредавање во текот на работните обврски.
Со почит,

Само толку треба да една личност го сочува својот углед, интегритет и достоинство.

Можете да прочитате

ЦУК: Дваесет пожари на отворено, десет активни, пет под контрола и пет изгаснати

ДЗС: Почнува селекцијата и обуката на новите пожарникари

Словенија и Франција ѝ нудат на Македонија 100 пожарникари за помош во гаснењето пожари