Утрински Весник
Свет

„Чичко Драган го носеше син ми од училница во училница кога ја скрши ногата“ – емотивна објава на мајка за убиениот чувар

„Чичко Драган го носеше син ми од училница во училница кога ја скрши ногата“ – емотивна објава на мајка за убиениот чувар

„Чичко Драган Влаховиќ го носеше мојот син од училница во училница кога ја скрши ногата за да не пропушта настава во време кога се враќаа во клупите по коронавирусот. Петто одделение“, напиша мајка на момче од училиштето „Владислав Рибникар“ на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

Убиениот Драган Влаховиќ бил чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, немал свои деца, но ги чувал сите ученици како да се негови. Тој загина заедно со осумте ученици кога беа убиени од тринаесетгодишниот ученик Коста од ова училиште.

Дека бил омилен чувар што го сакале и децата и родителите, сведочи и објавата на оваа мајка на „Инстаграм“, која напишала дека Драган секогаш бил тука да им помогне на најмалите и да биде покрај нив во тешките моменти. Тоа го направи и трагично го загуби животот кога момчето убиец отвори оган минатата недела.

Едно дете го наслика Драган како суперхерој, а сликата ја држеше еден од учениците за време на вечниот помен.

„Тој беше еден од најмладите членови на семејството Влаховиќ, секогаш вреден, насмеан и подготвен за шега. Несебичен и со големо срце. Особено се врзуваше за деца бидејќи немаше свои. Некои сегашни средношколци велат дека чичко Драган го гледале насмеан сите од прво до осмо одделение. Тој покажа голема храброст раширувајќи ги рацете мислејќи дека ќе успее да ги заштити најмалите. Господ ни даде живот, тој има право да го земе, но не требаше да биде вака. Очекувавме сè, но не и ова. Фала ти боже за сè, но требаше некако да го спречиш ова. Сите те сакаме многу, повторно ќе се сретнеме. Србија е обвиена во црно, сите те жалиме. Каде и да се појавиш, сонце грееше“, рекол неговиот братучед.

Особено емотивен беше моментот кога беше прочитано писмо од девојче што одеше во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Сега веќе не мора да носите неудобни костуми и тесни вратоврски. Ги гледам твоите слики и се сеќавам на насмевката што никогаш не ја симна од твоето лице. Чувствувам дека си среќен. И си заминал навреме затоа што ова веќе не е место за добри луѓе“, вели детето во писмото.

 

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот