Утрински Весник
Македонија

Чибишев повикува на внимателност: Во конзервирана риба-туна откриена голема концетрација на жива која може да предизвика оштетувања на централниот нервен систем!

Andon Cibisev22.jpg

Европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната која се увезува во земјите на ЕУ, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук проф. д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија.

-Некои примероци имале дури 13 пати повисока концентрација на жива од дозволената.


Жувата е тежок метал чии соединенија внесувани во организмот можат да предизвикаат тешки неповратни оштетувања на централниот нервен систем, бубрезите и коскената срцевина. Депонирани во човечкиот организам можат таму да останат со години. Предизвикуваат сериозни оштетувања на мозокот и периферните нерви, компромитирање на функцијата на бубрезите и пореметување во циклусот на зреење на клетките од крвната лоза.

Особено се опасни кај мали деца и трудници.

Ги повикувам македонските институции задолжени за безбедност на храната на внимателност, пишува во својата објава Чибишев.

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога