Утрински Весник
Македонија

Четворица пратеници од Европскиот фронт преминуваат во ВЛЕН, најави Изет Меџити

Img 9112.jpeg

Првиот вицепремиер и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, најави значајни политички промени во Парламентот, посочувајќи дека четворица пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ ќе му се приклучат на новото парламентарно мнозинство.

– ВЛЕН нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со тие што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се види дека ситуацијата не е таква. Разговорите се во завршна фаза, но потврдувам дека има четворица што веќе го напуштија Фронтот и го поддржуваат мнозинството, изјави Меџити во интервју за Алсат.


Тој потврди и дека ресорите во Владата што досега ги водеше крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, ќе останат под контрола на ВЛЕН.

– Она што е власт и што му припаѓа на ВЛЕН, останува на ВЛЕН. Сега кој ќе биде дел од ВЛЕН во иднина – поединци, други субјекти – тоа е прашање кое го дискутираме, но со оваа власт управува ВЛЕН, додаде Меџити.

Тој истакна и дека мнозинството од Алијансата за Албанците не се согласува со заминувањето на Таравари од Владата, а за вицепремиерот Арбен Фетаи рече дека сè уште не одлучил дали ќе остане во владината структура.

– Мислам дека добро работеше како вицепремиер за добро владеење. Заедно придонесовме во важни прашања, и мислам дека е потребен на Владата. Се надевам дека ќе остане, изјави Меџити.

Во пресрет на локалните избори, тој најави дека ВЛЕН ќе поддржи и независни кандидати, доколку тие имаат поголем потенцијал од партиските.

– ВЛЕН ќе излезе од партиските бои. Ќе поддржиме независни кандидати во големите урбани општини, а една од нив ќе биде и Гостивар, рече тој.

Можете да прочитате

По седум дена мистерија – пронајдена исчезнатата скопјанка, видете што се случило

Управниот суд донесе пресуда со која ја поништува одлуката на Собранието за именување на уставниот судија Елизабета Дуковска

Давитковски: Процесот за трагедијата во Кочани да се подели на повеќе обвиненија