Вчера попладне, во 13.50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селото Требеништа и селото Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот А. З. од село Стрелци, Кичевско, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатниците Ќ. С. (56), Ф. З. (22) и Ф. З. (46), сите од с. Стрелци, а возачот добил телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и во Општата болница во Охрид“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.