Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени во сообраќајка на локалниот пат Челопек-Милетино, едното возило го управувал 13-годишник

Три автомобили се судрија кај Делчево, повредени неколку лица

Вчера во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек-Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13-годишен малолетник од Челопек, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

– Во несреќата, сопатниците од „голфот“ 46-годишниот С.Т. и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните