Утрински Весник
Свет

Четворица повредени во напад со нож во Тел Авив, напаѓачот убиен

20250122071409 Big 730x400 20.webp.webp

Четири лица се повредени во напад со нож во Тел Авив, соопштија израелските служби за итна помош, пренесе ДПА. Напаѓачот бил застрелан од случаен минувач на местото на инцидентот.

Нападот се случил во центарот на градот, во популарна област со многу ресторани и кафулиња. Полицијата не ја исклучува можноста дека станува збор за терористички напад.


Ова е втор напад со нож во Тел Авив за четири дена. Минатата сабота, уште еден човек беше тешко повреден во сличен инцидент, а осомничениот напаѓач беше застрелан од вооружен минувач. 

Можете да прочитате

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции

Путин дојде во униформа на големата воена вежба на источната граница на НАТО

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта