Утрински Весник
Свет

Четворица поранешни менаџери на Фолксваген осудени за измама во скандалот со емисиите на дизел гориво

20250403203931 big 730x400 97.webp.webp

Четворица поранешни менаџери на германскиот автомобилски гигант Фолксваген денеска беа осудени за измама поради скандалот со емисиите на дизел гориво, речиси една деценија откако американските власти открија манипулиран софтвер на милиони автомобили на Фолксваген.

Регионалниот суд во Брауншвајг осуди двајца обвинети на неколку години затвор, додека другите двајца добија условни казни јави ДПА.


Случајот датира од септември 2015 година, кога во САД беше откриено дека Фолксваген инсталирал софтвер во своите дизел автомобили за да ги измами тестовите за емисии на гасови.

Скандалот, познат во светот како Дизелгејт, го фрли производителот на автомобили со седиште во Волфсбург во длабока криза. Тоа доведе до безброј тужби и трошоци кои компанијата ги процени на над 30 милијарди евра (34 милијарди долари).

Четворицата обвинети беа на судење пред регионалниот суд во Брауншвајг од септември 2021 година

Можете да прочитате

Глечер уништи швајцарско село кое неодамна беше евакуирано

НАТО цели кон зголемување на бригдите за околу 50 отсто, тврди воен претствник

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор