Утрински Весник
Македонија

Четиричлено семејство од Македонија повредено во сообраќајка во Грција – детали

Grcija 1.jpg

Четиричлено семејство од Македонија е повредено и пренесено во болница кога автомобилот со кој патувале излетал од патот.

Според грчката полиција, возилото утрово влегло во Грција од граничниот премин Евзони и се превртело на патот кон Солун.

Противпожарната единица го извлекла 50-годишниот маж, кој заедно со остатокот од семејството, 48-годишна жена и нивните деца на возраст од 11 и 15 години, со возила на итната помош биле пренесени во болница, пишува грчкот весник „Катимерини“.

Можете да прочитате

31 пожар на отворен простор, два активни, пет под контрола

Гром уби 107 овци на сточар од Чашка

Сончево и топло, со температури до 37 степени