Утрински Весник
Свет

Четири лица загинаа во Франција во пожар предизвикан од електричен тротинет

Trotinet.jpg

Четири лица загинаа во пожар кој, според првичните информации, го предизвикал електричен тротинет на батерии во десеткатна станбена зграда во францускиот град Ремс, соопштија денеска локалните власти.

Тринаесетгодишно дете загинало откако скокнало од стан на четвртиот кат, каде што избувнал пожарот во раните утрински часови. Во станот било пронајдено изгорено тело за кое се верува дека е неговиот постар брат (15), изјави обвинителот на Ремс, Франсоа Шнајдер.


Жена (87) и нејзиниот син (59), кои живееле на осмиот кат, се задушиле од чадот, додаде тој.

Две лица се тешко повредени, меѓу кои и очувот на загинатите деца, кој добил тешки изгореници, а уште 26 лица се хоспитализирани со полесни повреди.

Шнајдер истакна дека нема сомнеж дека пожарот бил случаен и дека брзо се проширил од електричниот тротинет, кој се запалил од непознати причини.

Пожарите предизвикани од батерии се исклучително тешки за гаснење, и пожарникарите се бореле со огнот повеќе од три часа, изјави обвинителот.

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот