Утрински Весник
Македонија

Четири години војна во Украина: Специјално отворено студио вечерва на 4TV.mk

Img 8815.jpeg

По повод четиригодишнината од почетокот на воената агресија во Украина, вечерва со почеток во 20:00 часот, 4TV.mk емитува специјално отворено студио. Низ призмата на безбедносните експерти, дипломатијата и автентичните сведоштва на луѓето кои ги почувствуваа воените ужаси, емисијата ќе направи детална ретроспектива на конфликтот кој го промени светот.

Јовица Пауноски во студиото ќе дебатира со своите гости за геополитичките поместувања, воените стратегии и хуманитарните последици од долготрајната војна.


Во дебатата учествуваат еминентни гости кои ќе понудат сеопфатна анализа на моменталната состојба:

Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана, ќе се осврне на безбедносната архитектура на Европа и улогата на меѓународната заедница.

Александар Спасеновски, универзитетски професор, со анализа за меѓународно-правните аспекти и дипломатските превирања.

Кристина Атовска, новинарка која известуваше директно од Украина, ќе ги сподели своите искуства од теренот и предизвиците на военото известување.

Олександар Урбаноиќ од здружението „Леска Украинка“, ќе зборува за поддршката на украинската заедница и зачувувањето на идентитетот во услови на војна.

Дмитро Олијник, кој како бегалец од Украина ја побара својата безбедност во Македонија, ќе ја сподели својата лична и приказна.

Новинарот на Канал 24 од Лавов, Даниел Ткиее, ќе извести за најновите случувања и атмосферата во земјата која веќе четири години е под воен притисок.

Специјалното издание „4 години војна во Украина“ ќе се пренесува во живо на сите дигитални платформи на 4TV.mk.

Можете да прочитате

Жителите на Старо Нагоричане вознемирени по убиството на повозрасната жена

Тетово со нови протоколи по заканите за бомби во училиштата

Тинејџери напаѓале и ограбувале жени во Прилеп