Утрински Весник
Свет

Четири години војна во Украина

Rusija ukraina.webp.webp

Четири години трае војната помеѓу Украина и Русија. Со едноминутен молк низ Украина почна одбележувањето на годишнината од руската инвазија. Линијата на фронтот е речиси непроменета, а дипломатското решение изостанува.

Билансот е, илјадници жртви, уништена инфраструктура и трилатерални преговори без значаен напредок кон прекин на огнот. Инвазијата што ја почна Русија под водство на Владимир Путин на денешен ден во 2022 година, според проценките на Москва, имаше за цел да доведе до брз колапс на украинските власти. Утрото на 24 февруари, рускиот претседател Путин го објави почетокот на „специјална воена операција“ во Украина. Војната ја оправда со тврдења за „демилитаризација и денацификација“ на Украина, заштита на населението во Донбас и наводната закана од ширење на НАТО на руските граници. Планот беше брзо да се скрши Украина и политичка промена во Киев. Но, тоа не се случи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на четири годишнината од војната изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ги постигнал своите воени цели во Украина.

Можете да прочитате

Катар ја доби првата климатизирана шума на отворено

Медведев се закани со нуклеарен напад врз Украина

Директорката на „Лувр“ поднесе оставка