Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

D0bfd0b5d0bdd0b4d0b0d180d0bed0b2d181d0bad0b8 D0bdd0b0 D0b4d0b8d0bfd0bbd0bed0bcd0b0d182d181d0bad0b8d0bed182 D0b4d0b8d198d0b0d0bbd0be 63ca6e331c15f

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани припадници на српската заедница,

Дозволете ми, во името на македонските граѓани, да ви го честитам 27 Јануари – Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и да ви посакам мир и радост.

Овој важен празник е посветен на големиот српски духовник, просветител и градител Св. Сава кој е инспирација за генерации Срби да го негуваат својот идентитет, јазик, писменост и култура и да создаваат трајни вредности.

Како уставно призната и општествено ценета, српската заедница придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка татковина, и за негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. За тоа сведочи и влогот на бројни истакнати припадници на српската заедница, кои го збогатуваат нашиот општествен, културен и политички живот.

Заедно со македонската заедница во соседна Република Србија, српската заедница во Северна Македонија е цврст мост на пријателство меѓу двете држави чиишто односи се одликуваат со меѓусебно почитување и помагање, и во мирни и во турбулентни времиња.

Нека е за многу години 27 Јануари – Денот на Свети Сава.

Можете да прочитате

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада

(Видео) Хуманитарен концерт на Ансамблот Вања Лазарова

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет