Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Davkova1.png

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.

„Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како  и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам.


Големиот празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов.

Енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница.

Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина.

Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии.

Бајрам Шериф Мубарек Олсун.

Благословен и честит нека е празникот Рамазан бајрам“ , напиша во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Можете да прочитате

Држава во која чесноста не се исплати

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

СПМ: Институции да постапуваат според закон