Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Image 2026 01 06 152121338.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

Со особена чест и голема почит, Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се сплотија и лицетворија во совршено единство, божествената и човековата природа.

Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели.

Рождеството Христово, и по повеќе од два милениума, нè вдахновува со неизмерна љубов и бесконечна добрина, хармоничност и мир, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош, поткрепа и утеха на сите оние на кои тие им се потребни.

И годинава, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.

Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата.

Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество.

Христос се роди!

Можете да прочитате

Вардар се излеа кај Балин Дол, поплави и хаос во неколку региони

Мицкоски најави покана за лидерска средба за укинување на техничката влада

ВЛЕН: Мир, заедништво и почит за сите граѓани