Утрински Весник
Македонија

Честитка од Пендаровски за Водици: Да бидеме грижливи и милосрдни и да си даваме поткрепа едни на други

Пендаровски (1)

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.

Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да Ви го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, и да Ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа.

И годинава на големиот празник повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. На величествените собири покрај нашите води, како што се полни бреговите со верници така и нашите срца да бидат исполнети со вера, надеж и љубов. Нека Богојавление – Водици ни даде сила, смирение и добра мисла за да се соочиме со сите искушенија кои ни претстојат во годината која штотуку започна и заеднички да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите наши граѓани. Да бидеме грижливи и милосрдни и да си даваме поткрепа едни на други, постојано дарувајќи љубов и ширејќи позитивна енергија.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави!

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка