Утрински Весник
Свет

Чешкиот премиер Бабиш повикува на мир и ги критикува алармистите за војна

Andrej babis.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новиот чешки премиер, Андреј Бабиш, остро ги критикува политичарите кои предупредуваат на можноста Русија да започне војна во Европа, оценувајќи ги како неодговорни бидејќи ширењето страв не е решение, а нивна должност е да работат на прекин на конфликтите. „Наместо да бараме начини што водат кон пацификација, сè повеќе слушаме приказни дека војната е неизбежна, дека ќе избувне за две или три години. Ова не е одговорна политика. Политичарите не треба да се плашат од војна, нивна одговорност е да ги прекинат војните.

Војната е привлечна само за оние што никогаш не ја доживеале“, рече Бабиш во обраќање на социјалните мрежи. Тој посочи дека политичарите не треба да ја третираат војната како апстрактна игра, туку како реалност која носи уништување на животи, распаднати семејства и изгубена иднина. „Ја отфрлам тезата дека мирот е слабост. Праведен и одржлив мир е обврска кон нашите деца и нивната иднина“, додаде премиерот. Бабиш изрази надеж дека 2026 година ќе биде година на мир и изјави дека верува во остварување на таа цел.

Можете да прочитате

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година

Клоучек: Европа мора да биде подготвена за можен распад на Русија