Утрински Весник
Свет

Чешка нема да испраќа воени инструктори во Украина

20240608102433 Big 730x400 69.webp.webp

Чешка нема намера да испраќа воени инструктори во Украина и ќе продолжи да ги обучува украинските војници во своите бази, изјави министерката за одбрана Јана Чернохова.

– Минатата година 4.000 украински војници поминаа обука, а исто толку беа одобрени за оваа година. Дали тоа ќе биде максималниот број зависи од тоа како ќе се одвива регрутирањето во Украина, изјави Чернохова за новинската агенција ЧТК.

Чешката министерка за одбрана рече дека земјите како Франција кои планираат да испратат свои инструктори во Украина го прават тоа бидејќи е логистички бесмислено да се транспортираат илјадници украински војници таму и назад.

– Чешка не мора да го прави тоа. Словачко-украинската граница е оддалечена неколку стотици километри од нашиот полигон во Либава. Затоа можам да кажам дека Чешка ниту планира ниту подготвува да испрати инструктори, иако немам против француската иницијатива, рече Чернохова.

Можете да прочитате

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа