Утрински Весник
Македонија

Чешка ќе ги поправа двата македонски хеликоптери

Чешка ќе ги поправа двата македонски хеликоптери

Министерката, Славјанка Петровска, и амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади.

dobivaj vesti na viber

Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми -8МТ во период од 13 месеци.

„Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор Влада со Влада (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците“, соопшти Министерството за одбрана.

Можете да прочитате

Повредениот Авокатов: Трагедијата во „Пулс“ разбуди емпатија кај народот, имавме голема поддршка!

Повредениот Авокатов ја опиша годината помината од големиот пожар во Кочани

Од утре врнежливо време – 24info.mk