Утрински Весник
Свет

Чешка доби нов претседател: Петр Павел положи заклетва

Чешка доби нов претседател: Петр Павел положи заклетва

Пензионираниот армиски генерал и поранешен висок функционер на НАТО, Петр Павел денеска положи заклетва како нов претседател на Чешка, наследувајќи го Милош Земан на таа функција.

dobivaj vesti na viber

Петр Павел положи свечена заклетва на заедничката седница на двата дома на парламентот во Прашкиот замок, седиштето на Претседателството, пишува Вашингтон пост.

Тој беше избран на главно церемонијалната, но престижна функција во вториот круг од гласањето на 28 јануари, победувајќи го популистичкиот милијардер Андреј Бабиш.

Павел (61) беше независен кандидат на последните избори, а неговото назначување се очекува да ја зајакне западната ориентација на земјата.

Неговиот претходник Земан ја подели нацијата со неговиот проруски став и блиските врски со Кина.

Земан, чиј втор и последен петгодишен мандат истече во средата, беше првиот претседател кој беше директно избран од народот.

Пратениците ги избраа претходните двајца претседатели на државата Вацлав Хавел и Вацлав Клаус.

За време на кампањата, Павел целосно ја поддржа воената и хуманитарната поддршка на Чешка за Украина во борбата против руската инвазија и ја истакна важноста од членството на таа земја во Европската унија и НАТО.

По инаугурацијата Павел најави дека следната недела ќе ја посети Словачка, а потоа планира да ги посети Киев и Варшава,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“