Хрватската машка ракометна репрезентација за првпат доби селектор странец. Ќе ги предводи исландскиот стратег Дагур Сигурдсон, кој го менува на жешкото столче Горан Перковац, кој доби отказ по ЕП-2024, каде „коцкестите“ го освоија 11. место. Пристигнувањето на Сигурдсон ја разбранува спортската, а посемно ракометната јавност во Хрбватска, но и ќе ја подиспразни касата на ракометната федерација. Како што пренесоа хрватските медиуми, Сигурдсон ќе добие еден милион евра за договорот со Хрватска. На оваа информација и се израдува искусниот трофеен стретег, на клупски и репрезентативен план Лино Червар. -Сигурдсон е добар тренер и го ценам како работник. Немам намера да се вметнувам во нашите класични хрватски препукувања. Јас сум искусен тренер… Мајстори сме да создадеме слон од глушеш, а од слон да направиме глушец… Тренерската работа е многу тешка, ви се суди на секој натпревар на кој го водите тимот. Мене повеќе ме загрижуваат луѓето во канцелариите, оние кои носат одлуки. Кога ќе се направи пресметка на се, прашањето е што направија за ракометот? Челниците на сојузот треба да бидат луѓе кои се грижат за спортот, а ние немаме ракометен дом. Дагур Сигурдсон навистина го почитувам и не би навлегувал дополнително за неговите квалитети, но можам да кажам дека бев среќен кога видов колку ќе биде платен од сојузот. Зошто? Бидејќи ова е добра прилика и време е и мене да ми ги исплатат парите кои ми ги одолжат од договорите… А, ми должат 240 илјади марки за две сезони и тоа стои во старите договори кои ги имам. Слушнав дека ги исплатиле сите долгови кон играчите и тренерите, се прашувам зошто јас не дојдов на ред? Ако имаат толку пари за странски тренер, тогаш очекувам да ме викнат секој ден и да ми ги вратат парите. Ако не ги добијам, ќе ги барам од други инстанци, од Олимпискиот клуб, или од ресорното министерство за спорт. Ако после се што направив за хрватскиот ракомет, не ми се врати она што ми припаѓа, тогаш не знам за какви критериуми зборуваме во оваа земја. Не сум саркастичен, ова е жива вистина, имам договор и очекувам да бидам исплатен – вели мешу другото Червар во интервјуто за „Индекс“.