Утрински Весник
Свет

Черњак: Русија мора да биде протерана од Крим

Мостот на Крим повторно отворен за сообраќај, тргнаа првите два воза
Dik 300x250 mk

Претставникот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Черњак, смета дека Русија мора да биде протерана од полуостровот Крим.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Русија мора да биде отсечена од Крим за да се осигури дека не може да го користи полуостровот што го анектира во 2014 година за воени цели, пренесува „Интерфакс Украина“.

Во интервју за „Армија информ“, Черњак, коментирајќи ја идејата на поранешниот командант на американската армија во Европа, Бен Хоџис, дека е неопходно да се „изолира окупираниот Крим од Руската Федерација“, рече дека Украина не запира со преземање соодветни мерки во правец на Крим.

 

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа