Утрински Весник
Спорт

Челси во јануари ќе го купува Џонатан Дејвид

Челси во јануари ќе го купува Џонатан Дејвид

Англискиот премиерлигаш Челси е заинтересиран за голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид. Новиот менаџер Грем Потер лично се залага за неговиот потпис и тоа би можело да се случи веќе во јануари, според француските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во моментов Челси го има Пјер-Емерик Обамејанг на врвот на нападот, но менаџерот сака помлад играч да му конкурира на Габонецот. Тој по трансферот од Барселона игра добро и веќе има три гола на шест натпревари. Сепак, ветеранот сега има 33 години и Потер знае дека не може да смета на него за подалечна иднина.

Воедно, Дејвид има уште една силна сезона со тимот на Лил. 22-годишниот Канаѓанец има девет гола на 11 натпревари од почетокот на сезоната. Откако им се приклучи на „кучињата“ од Генк во 2020 година за 27 милиони евра, Дејвид има постигнато 41 гол и седум асистенции на 107 натпревари во сите натпреварувања.

Канаѓанецот има договор со Лил до 2025 година и неговата цена е околу 45 милиони евра. Сепак, Челси би можел да има сериозна конкуренција за неговиот потпис бидејќи тој исто така се поврзува со интерес од Реал Мадрид, Милан и од Евертон.

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер освои бод против Спортинг во ЛШ

Барди: Секогаш кога играме за наационалниот тим даваме се од себе

Милевски: Македонија ќе се прашува за првото место во групата