Утрински Весник
Спорт

Челси ќе го избрка тренерот за кого плати 22 милиони фунти

Челси ќе го избрка тренерот за кого плати 22 милиони фунти

Сезоната во која потроши повеќе од 600 милиони евра на нови играчи за Челзи се претвори во кошмар. Тимот на Греам Потер се наоѓа на десеттото место во Премиер лигата со 11 бодови помалку од позициите кои водат во Лигата на шампионите, а се пред испаѓање од Лигата на шампионите по поразот од 1:0 во Дортмунд во првиот осминафинален натпревар.

dobivaj vesti na viber

Откако Томас Тухел на почетокот на септември доби отказ поради лошиот старт на сезоната, Челзи на Брајтон му плати отштета од 22 милиони евра за Греам Потер, со што стана најскапиот тренер во историјата. Потер доби петгодишен договор и одврзани раце да состави нов тим на „Стемфорд Бриџ“.

Потер победи само два од 13 првенствени натпревари, неговиот тим изгледа очајно, а ниту новите, скапи играчи се уште не покажале ништо. Некои англиски медиуми тврдат дека Челзи веќе работи на доведување на нов тренер, само неколку месеци по доаѓањето на Потер.

Иако информацијата не беше објавена во ниту еден од водечките медиуми, англиските новинари на Твитер пишуваат дека клубот веќе стапил во контакт со Маурисио Покетино, кој е без работа откако го напушти ПСЖ минатата година. Аргентинецот наводно ја одбил првата понуда, но не ја отфрлил идејата да биде менаџер на Челзи.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига