Претседателот на Унијата е вропски фудбалски асоцијации (УЕФА), Словенецот Александар Чеферин, не гледа ништо спорно во најавениот пријателски натпревар за 21 март во Москва, меѓу селекциите на Русија и Србија. Чеферин во опширно интервју за лондонски Гардијан меѓу другото истакна дека никој друг освен Англија не го проблематизира играњето на овој натпревар. -Тоа не е под наша јурисдикција. Србија може да игра и против нас во оваа просторија. Зошто тоа воопшто е толкав проблем? Зошто играњето фудбал би било проблем? Никому не му е грижа за тој натпревар, доколку вие Англичаните не зборувате за тоа, никој друг не би знаел дека се игра. Ние во Словенија воопшто ѝ не знаеме дека тој натпревар е закажан, бидејќи луѓето не се интересираат за работите кои англиската политика, но и мејнстрим медиумите, многупати ги истакнуваат. Луѓето знаат дека Русија е суспендирана и тоа е тоа. Сега ќе играат пријателски натпревар – па што ако играат, истакна Чеферин. Србија го прифати гостувањето во Русија, откако за тоа доби „зелено светло“ од УЕФА и од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).