Утрински Весник
Спорт

Чеферин: Меси требаше да му каже на Мартинез да не биде примитивец

Чеферин: Меси требаше да му каже на Мартинез да не биде примитивец
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека Лионел Меси требал да го сопре аргентинскиот голман Емилијано Мартинез во неговите обиди да се потсмева со Килијан Мбапе по финалето на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Аргентина го доби фантастичното финале против Франција во Катар во декември, по што голманот на Астон вила, кој ја доби „златната ракавица“, прво вулгарно ги провоцираше француските навивачи, по што во соблекувалната ја водеше песната против Мбапе, нешто што го повтори и при прославата во Буенос Аирес.

Во новата книга на аргентинскиот новинар Себастијан Фест и францускиот новинар Александер Жулиар, се појавува изјаватта на Чеферин, кој не бил импресиониран од однесувањето на Аргентинците.

„Не сфаќам зошто Дибу се потсмеваше со Мбапе. Меси требаше да застане и да му каже да покаже малку респект. На крајот, Меси игра цела година со Мбапе. Ако видите како реагира при пеналите. Не сфаќам што беше потребно да се потсмева со куклата и со такви работи. Тоа не е спортско однесување, туку примитивно. А тоа со трофејот? Не се прави така, покажи големина, не биди примитивец. Можеш да бидеш совршен голман, но ако не си добар човек“, вели Чеферин.

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот