Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Чеферин: Бобан не заслужува одговор, јас не сум Ким Јонг Ун

Boban zvonimir 1 1080x567 1.jpg
300x250 opst2

Првиот човек на европскиот-фудбал Словенецот Александар Чеферин, не му остана должен на Хрватот Звонимир Бобан кој одлучи да замине од Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), а како повод ги наведе токму неговите потези. Бобан, првиот оперативец во УЕФА и близок соработник на Чеферин, го обвини Словенецот дека сака да го промени Статутот на УЕФА за да си обезбеди продолжен престој на претседателската функција, иако според досегашниот овој мандат треба да му биде последен. -Заминувањето на Бобан не предизвика никакво бранување во УЕФА и европската фудбалска заедница, иако тоа беше неочекувано. Бобан не го заслужува мојот коментар. Луѓето кои ме познаваат мене и него ќе донесат свои заклучоци. Голема грешка е да се сугерира дека УЕФА е непоправливо фрагментирана. Конгресот има моќ да ја одреди соодветноста на промената, но поединецот не. Ние веруваме во нашиот колективен и демократски процес на одлучување. Оваа промена не значи ништо, но се прикажува како да сум станал Ким Џонг Ун од Северна Кореја. Тоа не е точно, а одлуката за кандидатурата не зависи само од мене, изјави Чеферин.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица