Утрински Весник
Свет

Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море

Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море
Dik 300x250 mk

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, коментирајќи ги неодамнешните извештаи во грчките медиуми за плановите на Атина да ја прошири границата на територијалните води кај островот Крит до 12 милји.

dobivaj vesti na viber

– Последниве денови, главно во грчките медиуми, имаше извештаи за планови на Атина да ги прошири територијалните води кај островот Крит на 12 милји. Нашиот став по ова прашање е многу јасен. Уште еднаш ја предупредуваме Грција: не барајте авантура, не стремете се кон лажно херојство, не изложувајте се на авантура, последиците можат да бидат многу штетни, изјави турскиот министер за надворешни работи.

– Нема да дозволиме територијалните води на Грција во Егејското Море да се прошират ниту за една милја, а камоли за 12 милји. Одлуката на нашиот парламент од 1995 година за ова прашање сè уште е на сила, рече Чавушоглу.

Можете да прочитате

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес

Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо што тестира ракети

Голем напад со дронови на Москва