Тренерот на Барселона Чави изјави дека Реал е фаворит во полуфиналните натпревари од шпанскиот Куп, но додаде дека каталонскиот клуб ќе даде се од себе за да го освои трофејот.
Реал, вечерва, во Мадрид ќе ја пречека Барселона во првиот полуфинален натпревар. Барселона ќе биде ослабена во Мадрид, бидејќи натпреварот ќе го пропуштат Педри, Дембеле и Левандовски.
„Знаеме дека Реал е исклучително тежок ривал. Овие два натпревари ќе бидат сосема различни во споредба со Ла Лига или Лига Европа. Одиме во Мадрид за да победиме и да покажеме кои сме. Ќе дадеме се од себе за да го освоиме овој трофеј исто така“, изјави Чави.
Тој потсети дека Реал минатата сезона ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите, а оваа сезона Светското клупско првенство.
„Реал е фаворит за освојување на трофејот во Купот. Тие се актуелни европски шампиони и шампиони на Шпанија. Не е важно што го освоивме Суперкупот. Секогаш сум возбуден кога играме на „Сантијаго Бернабеу”. Овој натпревар е помотивирачки од кој било друг бидејќи и самиот сум навивач на Барселона. Феноменално е чувството да се победи во Мадрид“, изјави тренерот на Барселона и додаде:
„Тие освоија бројни трофеи во изминатите неколку години. Имаме добри спомени на „Сантијаго Бернабеу“, но сега приказната е поинаква. „Ел Класико“ е најголемиот натпревар во светот. Помеѓу Реал и Барселона има фудбалска почит. Ова денес нема никаква врска со она што се случи пред десет години. Тие се фаворити, но ние одием таму да победиме“, заврши Чави.