Утрински Весник
Свет

Чапутова ја распушти владата на Словачка

Чапутова ја распушти владата на Словачка

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова денеска ја распушти владата на премиерот Едуард Хегер откако парламентот му изгласа недоверба на неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Чапутова побара од Хегер и неговиот кабинет да ја извршуваат функцијата додека не се формира нова влада и рече дека политичките лидери треба да ги разгледаат чекорите за одржување предвремени избори во првата половина на следната година, објави Ројтерс.

На словачката коалициска влада во четвртокот и беше изгласана недоверба на парламентот.

Во парламентот со 150 места, 78 пратеници, два повеќе од потребните 76, гласаа за разрешување на трипартиската малцинска влада на премиерот Хегер.

 

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз