Бенфика го победи Јувентус со 4:3 во Лисабон и го исфрли од Лигата на шампионите на едно коло пред крајот на групната фаза. „Старата дама“ ќе се бори со Макаби Хаифа за да продолжи во Лига Европа.
Антонио Силва донесе водство за Бенфика, но брзо одговори Влаховиќ. Сепак, до крајот на првиот дел португалскиот тим обезбеди предност со головите на Жоао Марио од пенал и
Рафа Силва кој погоди двапати и понуди шоу. Јувентус во завршницата преку Милик и Меккени намали на 4:3, но не можеше да избегне пораз.
Лајпциг му го нанесе првиот пораз на актуелниот европски првак Реал Мадрид совладувајќи го со 3:2. Гвардиол и Нкунку донесоа предност од 2:0, а Винисиус Жуниор погоди пред одморот. Сепак, Тимо Вернер во 81.минута постигна трет гол за домашниот тим, а Родриго од пенал го постави конечниот резултат.
Милан лесно го победи Динамо Загреб на „Максимир“ со 0:4. Матео Габија беше стрелец на првиот гол, а мечот го решија Рафаел Леао и Оливие Жиру во вториот дел. На крајот Љубичиќ си постигна и автогол, а Стефан Ристовски и и Аријан Адеми беа стартери во тимот на „модрите“.
ПСЖ го декласира Макаби Хаифа со 7:2. По два гола постигнаа Меси и Мбапе, во листата на стрелците се запишаа и Нејмар и Солер, а Голдберг си постигна и автогол. Двата гола за Макаби Хаифа ги постигна Абдулаје Сек.
Единствен меч без голови беше дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, но „граѓаните“ и „милионерите“ успеаја да обезбедат влез во осмина-финалето. Кобел во второто полувреме му одбрани пенал на Ријад Марез.
Селтик и Шахтјор Доњецк одиграа 1:1.