Утрински Весник
Македонија

Цевководот „Макарија“ експресно саниран, овој викенд ќе потече вода

Цевководот „Макарија“ експресно саниран, овој викенд ќе потече вода

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, и директорот на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Локман Љимани, денеска изврши увид во завршните активности за санација на хаваријата на цевководот „Макарија“.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за земјоделство велат дека овој викенд низ цевките ќе потече вода, а системот е саниран во најбрз можен рок.

„Заедно со премиерот веднаш дојдов на увид на динамиката на одвивање на работите. Тогаш реков дека Владата и Министерството заедно со фирмата изведувач и надзорниот орган, кои ја санираа хаваријата на цевководот, сме дел од една капитална активност, која ќе остане запаметена од земјоделците од овој крај како најдобрата и најбрза реакција за нормализирање на работите со цел да ја спасиме производната сезона. Во текот на целиот период на овие случувања бевме на иста линија со вас и вашите потреби, вашата дејност е најважна за нас, без вас нема развој на економијата, нема развој на општеството и државата, вие сте нашиот приоритет, а ние сме секогаш тука за да создаваме погодна клима за вашето работење“, истакна министерот Николовски.

Министерот им се заблагодари на сите што беа активно вклучени во процесот на санација за рекордно брзата реакција, со која системот повторно се става во функција и овој викенд низ цевките на „Макарија“ повторно ќе потече вода за наводнување на земјоделските површини.

 

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?