Утрински Весник
Балкан

Централната банка открива: Во Црна Гора има 89 милионери

20241014114022 Big 730x400 49.webp.webp
Dik 300x250 mk

Според податоците на Централната банка, во Црна Гора има 89 граѓани кои на сметките во комерцијалните банки имаат повеќе од милион евра. Иако бројот на милионери расте, финансискиот консултант Стеван Гаевиќ посочува дека тоа е мал број во однос на бројот на населението, пренесува Градска ТВ.

– Сметам дека тоа се главно луѓе кои стекнале пари легално или преку продажба или наследство и ги чуваат во банки. Мораме да сме свесни дека има инфлација и држењето пари на сметки може да ја намали нивната вредност, па затоа мислам дека 89 милионери е релативно мал број за Црна Гора, рече Гаевиќ.

Инес Мрдовиќ од НВО Акција за социјална правда смета дека Црна Гора е ветена земја за богатите, бидејќи нивните приходи се оданочуваат со исклучително ниски стапки.

– Важно е да се спомне дека во Црна Гора има многу невидливи милионери. Тие не би ги чувале своите средства на видливи сметки кај Централната банка, туку би ги преместиле надвор од земјата, додаде Мрдовиќ.

Можете да прочитате

Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија, вели Марта Кос

Владата на Србија го прогласи 1 ноември за Ден на жалост

Српската полиција приведе две лица поради сомневање за напад врз уставниот поредок на државата