Утрински Весник
Македонија

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

Civil.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 2 ноември, со почеток во 7 часот наутро, ќе започне со работа Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ со закажани четири термини за прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани. Во текот на целиот ден ќе се објавуваат извештаи од теренот, како и едукативни и други видео содржини што произлегуваат од „Демократски навигатор”, проект кој претставува стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, со фокус на изборниот процес 2025.

Прес конференциите ќе се емитуваат во живо на Фејсбук страната и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а редовни извештаи ќе се објавуваат и на веб страниците ЦИВИЛ Медиа на македонски и Дрејт на албански, додека меѓународната јавност ќе биде информирана преку веб страницата CIVIL Today на англиски. Видео обраќањата ќе бидат на македонски и албански.


Онлајн прес конференции ќе се одржат во 11:00, 14:00 и 17:00 часот. По затворањето на избирачките места, извештај и првична оценка на изборниот ден ќе има во 21:00 часот. Во меѓувреме, на медиумската платформа на ЦИВИЛ цело време ќе се објавуваат извештаи на македонски, албански и англиски јазик.

ЦИВИЛ ќе биде отворен за сите информации што доаѓаат и од други засегнати страни – невладини организации, мониторинг мисии, граѓанки и граѓани, како и од учесниците во изборната трка. Сите извештаи од теренот што ќе ги доставуваат набљудувачите на ЦИВИЛ, како и пријавите од надворешни извори ќе бидат подложени на стандардна проверка и верификација.

Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат содржините на ЦИВИЛ со молба да се наведе изворот. ЦИВИЛ ќе отвори и Зум линк за видео комуникација со медиумите во термините за прес конференции, но и во други термини, по барање на редакциите.

Во понеделник напладне ЦИВИЛ ќе започне со објавување на целосни извештаи, оценки и анализи на изборниот процес, а претставници на организацијата ќе бидат на располагање на медиумите за изјави и интервјуа. Тие извештаи ќе ги откријат сите детали, називи на политичките партии и институции, како и имињата на сите што се наоѓаат во извештаите од мониторингот. Како и секогаш, ЦИВИЛ ќе објави и анализи и препораки што произлегуваат од работата на организацијата.  

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен