Утрински Весник
Свет

Цените на златото на нов историски максимум

Zlato 960x672 1.jpg

Цените на златото се искачија над 2.200 долари за унца до ново највисоко ниво на сите времиња, а експертите велат дека на нагорниот тренд на цените на златото не му се гледа крај и дека тие би можеле дополнително да пораснат оваа година.

Централните банки продолжуваат да купуваат златни шипки во рекордни количини, пренесува CNN.

Светските цени на златото би можеле да скокнат до 2.300 долари за унца во втората половина на 2024 година, особено поради очекувањата дека американската централна банка ФЕД би можела да ги намали каматните стапки во тој период, вели Акаш Доши, експерт во истражувачката агенција Сити.

Кога каматните стапки паѓаат, златото станува сè попривлечно во однос на средствата со фиксен приход, како што се обврзниците, кои даваат пониски приноси во периоди на ниски каматни стапки.

Покрај тоа, златото за многумина претставува безбедно засолниште за средства во период на геополитички несигурности и кризи.

Најголеми купувачи на злато во 2023 година беа централните банки на Кина, Полска и Сингапур

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење