Утрински Весник
Економија

Цените на нафтата паднаа под 94 долари

Цените на нафтата паднаа под 94 долари

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните пазари под 94 долари бидејќи инвеститорите стравуваат од побарувачка во услови на заострени епидемиолошки мерки во Кина, висока инфлација и зголемени каматни стапки.

dobivaj vesti na viber

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,95 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,69 долари. Речиси за исто толку падна и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше за 87,57 долари.

Трговците нервозно го следат ширењето на Ковид-19 во Кина.

Строгите епидемиолошки мерки во втората по големина светска економија, како и притисокот на трошоците ја намалија активноста во азиската индустрија во август, засенувајќи ги изгледите за закрепнување на регионот од последиците од пандемијата, според истражувањето објавено во четвртокот.

Технолошкиот центар Шенжен во јужна Кина ги заостри мерките поради континуираното ширење на инфекцијата, забранувајќи ги големите собири и забавата во затворен простор во областа Баоан на три дена.

Кинеската политика на нулта толеранција за ковид ја кочи економијата, што значи и послаба побарувачка за енергетски производи.

Пазарите се загрижени и поради рекордната инфлација и најавата за агресивно зголемување на клучните каматни стапки во САД и во еврозоната со цел да се запре растот на цените.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да растат

Мицкоски: Македонија е шеста држава во привлекување на странски инвестиции по БДП

Трипуновски: Маркетите веќе поставуваат ознаки за домашните производи, во тек и регистрација на платформата makedonskonajdobro.mk