Утрински Весник
Свет

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година

20230502152136 Big 730x400 49.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ).

Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март.


И покрај тој ценовен врв, цените на природниот гас на европските пазари во моментов се значително пониски од оние во 2022 година, кога на моменти достигнуваа нивоа од над 300 евра за мегават-час природен гас, јави ДПА.

Можете да прочитате

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина

Кремљ: Правото и здравиот разум преовладаа во договорот на ЕУ за Украина