Утрински Весник
Свет

Цел на Русија е источниот украински град Покровск, принудувајќи стотици да избегаат

Screenshot 2024 08 23 080131.jpg

Родителите ги кријат децата од локалните власти за да избегнат задолжителна евакуација во стратешки важниот источен украински град Покровск, кон кој руските сили брзо напредуваат. Имено, властите ги повикуваат цивилите во и околу Покровск да избегаат во следните две недели додека Русите напредуваат кон градот, а врз областа Курск во Русија продолжува украинската офанзива.

Вчера Русија објави дека спречила уште еден обид на Украина да упадне во пограничниот регион Брјанск. Сепак, затоа Украина продолжува успешно да напредува во регионот Курск.

Од друга страна, во источниот украински регион Доњецк, децата со нивните родители или други законски старатели мора да бидат евакуирани од неколку локации, вклучувајќи го и Покровск, објави Министерството одговорно за реинтеграција на регионите кои беа под руска контрола.

Покровск не е голем град. Пред војната, таму живееле 60.000 луѓе, но многумина заминале од почетокот на руската инвазија. Но, сега служи како клучен центар за украинската војска благодарение на нејзиниот лесен пристап до Костјантинивка, уште еден воен центар.

Украинската армија во средата соопшти дека најжестоките борби во војната во моментов се водат околу Покровск. Бранителите одбиваат руски напади и се борат на неколку локации.

Наредена е задолжителна евакуација на семејствата со деца во градот Покровск, блискиот Мирноград и 39 околни села, соопшти воената управа на градот Покровск. Дневно се евакуираат околу 600 до 700 луѓе, соопшти управата.

„Не чекајте. Нема да биде подобро, само ќе се влоши. Заминете“, предупреди локалниот функционер Јури Третјак, шеф на воената администрација во Мирноград, кој сега е на помалку од 5 километри од линијата на фронтот. Но, Третјак рече дека многу луѓе сè уште се двоумат дали да се евакуираат, а некои дури одат дотаму што ги кријат децата од локалните власти.

„Имаме случаи во кои родителите кријат деца, ќе имаме состанок со полицијата на кој ќе видиме што да правиме со таквите луѓе, како ќе бараме родители кои кријат деца и даваат лажни информации дека децата одамна си заминале“, рече тој, додавајќи дека опасноста е се поголема бидејќи некои делови од градот се под секојдневни руски напади.

„Оние кои се двоумеле пред една недела главно се одлучиле и масовно си заминуваат“, рече тој, истакнувајќи дека за жителите кои допрва треба да се евакуираат, „најчестите аргументи се – немам каде да одам“

„Непријателот напредува побрзо од очекуваното“, рече Третјак во интервјуто и додаде: „Значи, се обидуваме да направиме што е можно повеќе за да ги евакуираме луѓето до крајот на неделата“.

Додека населбите во и околу Покровск се уште се под оган, руското Министерство за одбрана вчера објави дека руските сили го окупирале блиското село Межове. Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека украинските сили се зајакнуваат во источниот регион за да се одбие потенцијалниот руски напредок.

Во своето ноќно обраќање Зеленски рече: „Ние сме на позиции на линијата на фронтот, пред сè во Покровск, во Доњецк. Ги разбираме потезите на непријателот и ги зајакнуваме нашите сили“.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години