Утрински Весник
Магазин

Цеца Ражнатовиќ останува во „Звездe Гранда“: За три сезони ќе спечали милион евра

B6cfe969a8a49606bd13ff44138ae05c.jpg

Светлана Цеца Ражнатовиќ потпиша нов договор со Гранд продукција, и реши да ја продолжи успешната соработка. Сепак, пејачката решила да се осигура и да потпише договор за следните три сезони.

Музичката ѕвезда останува во натпреварот за многу примамлива сума, а само од „Звезде Гранда“ до 2027 година ќе заработи речиси еден милион евра.

-Цеца донесе одлука да не го напушти музичкиот натпревар во кој е од 2021 година. Таа ќе зема 300.000 евра по сезона – кратко изјавил изворот, а пејачката потоа ја потврдила оваа информација.

Да потсетиме, стајлинзите на Цеци за емисиите на „Звезде Гранда“ постојано се коментираат, а пејачката често ја користи приликата да ја покаже својата витка линија.

-Не можам да кажам дека не се грижам за себе. Со самото тоа што сум јавна личност мислам дека се подразбира такво нешто. Впрочем, сакам да се гледам себеси во огледало – изјави Ражнатовиќ.

Сепак, тренинзите за неа се тортура, признала таа.

-Луѓето уживаат во тренирањето, а јас во теретана одам како на стрелање. Да не се лажеме, повеќе сакам да пеам отколку да вежбам – рекла Цеца, пренесува Блиц.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста