Утрински Весник
Македонија

Царинските управи на Македонија и Црна Гора потпишаа протокол за електронска размена на податоци

462553668 553497540718706 9170667012853680617 N.jpg

Електронска размена на податоци помеѓу Македонија и Црна Гора пред пристигнување на стоката на граница, со цел подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царински измами, како и забрзување на легалната трговија помеѓу двете држави. Податоците ќе се разменуваат во рамки на SEED + системот. Ова е предвидено со Протоколот што беше потпишан денеска во Будимпешта, од страна на директорот на македонската Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на црногорската царина, Маја Вучиниќ.

Протоколот се потпиша на маргините на дводневниот состанок „Унапредување на регионалната соработка” во Будимпешта на кој присуствуваа генералните директори и високи претставници на царинските управи од Западен Балкан и од земјите членки на Европската унија. Настанот беше организиран под покровителство на унгарската даночна и царинска агенција во рамки на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

Можете да прочитате

Ни следува краткотрајно стабилно време, во недела нови врнежи и грмежи!

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Ноќеска „Дрисла“ гореше, Ангелов тврди дека магла е!