Утрински Весник
Македонија

Царинската управа ја продлабочува соработката со СЕЛЕК во борбата против организираниот криминал

Whatsapp image 2026 03 06 at 14.11.24.jpeg

Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава во борбата со транснационалниот организиран криминал. Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа.  Ова беше заклучокот од средбата на директорот Бобан Николовски и помошник-директорот Влатко Лакордов со генералниот директор на СЕЛЕК, д-р Огуз Серкант Акин, и директорот за правни и внатрешни работи при СЕЛЕК, Јован Пешевски.

На состанокот двете страни разговараа за можностите за подобрување на регионалната прекугранична соработка. Директорот Николовски истакна дека еден од приоритетите на македонската царина е откривање на царински измами и спречување на обиди за сериозен криминал, при што од големо значење е зголемување на соработката со царинските органи од Југоисточна Европа преку оперативно споделување на податоци. Притоа, тој ја истакна важноста на одличната соработка со СЕЛЕК како клучна во брзото споделување на информации со царинските органи од регионот и зајакнување на безбедноста.   

Од друга страна, генералниот директор на СЕЛЕК, д-р Огуз Серкант Акин, ја истакна важноста од зголемен придонес на Македонија како членка на СЕЛЕК, посочувајќи дека Царинската управа е важен дел од  синџирот на безбедноста во Југоисточна Европа  и се заблагодари за активното учество во текот на годините.


Можете да прочитате

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити

Водата во Струга безбедна за пиење, по еден месец тргната забраната