Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: Спречен шверц на апарати за игри на среќа

20240226102715 big 730x400 45.webp.webp

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел истите да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. 

Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги.

Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Царинската управа во рамки на своите надлежности континуирано презема активности за спречување на шверц и сива економија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: И Фрчкоски се опари од Еразмус+, што одработил за СДС за 200 илјади евра кои, наместо кај младите, завршиле кај него

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез се чека од половина час до 40 минути

Подгответе се, следуваат поројни дождови и изолирана појава на град